Филип Кузмановски беше причината за победата на Хановер на дуелот со Ерланген (28-27) кој се одигра во рамки на 32. рунда во Бундес-лигата. Македонскиот репрезентативец го постигна победничкиот гол за својот тим, зад своето име запиша шест погодоци.
Дека популарниот „Фитиљ“ е во одлична форма, говорат шестте погодоци во линкот подоле.










