Кадена СЕР објави дека бразилскиот напаѓач од екипата на Манчестер Сити, Габриел Жезус, е понуден на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид за следната сезона.
Според информацијата, Жезус бара 5 милиони евра нето по сезона и сака да го напушти Сити бидејќи не се гледа себеси како стартер пред новото засилување Ерлинг Халанд.
Наводно, Атлетико ја одбил понудата, а Реал Мадрид се уште тактизира. Проблемот со Бразилецот е што тој е играч кој не е член на ЕУ, а „кралскиот клуб“ веќе ги има пополнето тие места со Винисиус, Родриго и Едер Милитао.
ЕУ пасошот на Винисиус се уште не е пристигнат, иако во клубот се уверени дека тоа ќе го направат летово, но целиот процес е забавен. Затоа Габриел Жезус засега е на „стенд-бај“.










