Стандардниот страничен фудбалер на Шкендија во изминатат сезона, Ангелче Тимовски си заминува од Тетово. Тимовски во договор со клубот го раскина актуелниот договор, и сега ќе бара нов ангажман.
Приоритет ќе има заминувањето во странство, како што ни вели самиот Тимовски, а за тоа дефанзивецот веќе има и неколку понуди.
Вкупно Тимовски одигра 27 мечеви сезонава, постигна и два гола односно четири асистенции.















