Алкалоид младински првак, МВП признанието за Митев

251

Екипата на Алкалоид дојде до вториот трофеј оваа сезона. Овој пат младите ракометари го освоија пехарот во соодветната генерација откако во финалето со совладаа Бутел со 23-22.

Првото полувреме беше изедначено, „бутелци“ во 20. минута дојде на плус еден )8-9), но на другата страна Алкалоид успеа на одморот за обезбеди водство од два гола 12-10. Најголемата позитива беше од три гола, во вториот дел (17-14). Во неизвесна завршница, новиот првак успеа да ја сочува минималната предност.

МВП признанието му припадна на македонскиот репрезентативец, Марко Митев од Бутел, кој во следната сезона ќе го облече дресот токму на Алкалоид.

Е. Пелистер 2 во натпреварот за 3 место беше подобар од составот на Прилеп со шест гола разлика, 19:25 (10:9).

 

ПретходноРоналдо направи „шоу“ и ја расплака својата мајка (ВИДЕО)
СледноВориорс го возвратија ударот со чудесна трета четвртина (ВИДЕО)