ГРК Охрид продолжува со градење на составот за новата сезона. Во само неколку дена, овој клуб потпиша и продолжи договори со неколку играчи, откако претходно го распушти 11 ракометари.
Најново од ГРК Охрид се Зураб Цинцадѕе Хазеин Рустамов. Голманот и левото крило потпишаа двегодишен договор. Двајцата репрезентативци на Грузија со над 20 настапи за сениорскиот тим, доаѓаат по одличните настапи за РК Прилеп во домашното првенство.
За постетување на клупата се врати Горан Андоновски, нови имиља се Тоше Ончев и Даниел Андоновски, а верноста кон клубот ја продолжија Иван Андоновски и Иван Тасески.










