Ливерпул ја освои титулата, но во Уругвај!

144

Откако англиски Ливерпул не успеа да ја освои титулата во Премиерлигата и во Лигата на шампиони, еден друг Ливерпул, оној од Уругвај, стана шампион. Составот на Ливерпул од Монтевидео ја крена титулата во уругвајската Апертура по победата од 1-0 над Атлетико Феникс во неделата.

Со победата тимот кој е основан далечната 1915 година заврши четири бода пред Национал на врвот на табелата во Апертура и за првпат ја освојува титулата во ова натпреварување, што е еквивалент на трофејот во Класура од 2020 година.

ПретходноБарселона мора да ги намали платите за 160 милиони евра, инаку не и се пишува добро!
СледноАгентот на Габриел Жезус им го понудил Бразилецот на Реал и Атлетико (М)