Лудогорец „полуде“ по Дарко Велковски

1298

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски е на мета на бугарскиот шампион, Лудогорец. По настапот во Разград во рамките на првото коло од Лигата на Нации, раководството на клубот го сака Велковски по секоја цена.

26-годишниот фудбалер е слободен играч, неговиот договор со Ријека истекува, што пак дополнително им влева надеж на првите луѓе на Лудогорец. Сепак за услугите на македонскиот репрезентативец ќе треба добро да се испотат.

СПОРТМЕДИА дознава дека на адресата на Велковски има милионска понуда од Саудиска Арабија.

Велковски кариерата ја почна во Работнички, од каде во 2015 година замина во тимот на Вардар. По три години минати во дресот на „црвено-црните“ се пресели во Ријека, остана четири години.

Со неговите игри стана магнет за многумина клубови, останува да видиме чија понуда ќе прифати.

ПретходноБугарите се тешка МИЗЕРИЈА: Селекторот Петров си поднесе оставка!
СледноРоналдо направи „шоу“ и ја расплака својата мајка (ВИДЕО)