Мертенс со една нога е на заминување од Наполи

147

Ветеранот во дресот на Наполи, Дрис Мертенс е многу блиску до заминување од Неапол. Како што објави локалниот весник „Ил Матино“, ситуацијата на Мертенс е непроменета.

Неговиот актуелен договор истекува ова лето, но клубот и агентот на фудбалерот не се ни близу до нова соработка. Изданието тврди дека разговорите за договорот се замрзнати и Белгиецот сега оди во контакт со други клубови. Мертенс наводно барал плата од 4 милиони евра по сезона, нешто што Наполи не може да го плати во моментов.

ПретходноАнгелче Тимовски си замина од Шкендија
СледноЛиверпул остварил контакт со агентот на Дарвин Нуњез