Агентот на Габриел Жезус им го понудил Бразилецот на Реал и Атлетико (М)

199

Кадена СЕР објави дека бразилскиот напаѓач од екипата на Манчестер Сити, Габриел Жезус, е понуден на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид за следната сезона.

Според информацијата, Жезус бара 5 милиони евра нето по сезона и сака да го напушти Сити бидејќи не се гледа себеси како стартер пред новото засилување Ерлинг Халанд.

Наводно, Атлетико ја одбил понудата, а Реал Мадрид се уште тактизира. Проблемот со Бразилецот е што тој е играч кој не е член на ЕУ, а „кралскиот клуб“ веќе ги има пополнето тие места со Винисиус, Родриго и Едер Милитао.

ЕУ пасошот на Винисиус се уште не е пристигнат, иако во клубот се уверени дека тоа ќе го направат летово, но целиот процес е забавен. Затоа Габриел Жезус засега е на „стенд-бај“.

ПретходноЛиверпул ја освои титулата, но во Уругвај!
СледноАнгелче Тимовски си замина од Шкендија