Јасен Петров не е веќе селектор на репрезентацијата на Бугарија. Имено по дебаклот од Грузија на свој терен, во Разград, и тоа со 2:5, тој објави дека си поднесува неотповиклива оставка од местото селектор.
Јасно е дека ова е голем неуспех за Јасен Петров кој по двата меча во Лигата на Нации на домашен терен, со Македонија и со Грузија, успеа да освои само бод.
Инаку мизерно изгледаше неговата чета на мечот си Грузија, јасно е дека гостинот е квалитетен тим, но не толку колку што Бугарија беше екстремно слаба.
Инаку Бугарија на 9 јуни ќе игра со Гибралтар, а на 12 повторно соГ Грузија, и на двата меча ќе гостува.










