Дали Зинедин Зидан подготвува сезационален кам бек во фудбалот? Според денешното издание на Ел Мундо Депортиво, тој е многу блиску до такво нешто откако преговорите со ПСЖ за негов ангажман како тренер на овој клуб деновиве се интензиирани.
Јасно е дека во Париз не се задоволни од Маурисио Покетино кој не успеа да донесе трофеј во Лигата на Шампионите, па се бара решени. И тоа какво. Зидан би станал најплатаниот тренер на светот доколку ја прифати богатата понуда, која изнесува 25 милиони евра по сезона, повеќе од Чоло Симеоне односно Пеп Гвардиола.
Секако, сеуште е активна и опцијата Зидан да ја преземе репрезентацијата на Франција, по Мундијалот во Катар и ќе го замени сегашниот селектор Дидие Дешамп.










