Вардар 1961 одбраната на тронот ја почнува во Неготино

217

Новата сезона во Супер-лигата ќе биде поинаква од оваа што измина. За титулата ќе се борат 16 екипи, кои веќе се поделени во две групи. Актуелниот бранител на тронот, Вардар 1961 се најде во групата А, за противник во првото коло ќе го има Вардар Неготино, и тоа како гостин.

Алкалоид, дебитантот во ова натпреварување новата историја ќе почне да ја пишува во Прилеп.

Вицепрвакот во првото коло ќе игра против Скопје на домашен терен. Е.Пелистер и Вардар 1961 ќе се сретнат во втората фаза напролет.

Сезоната е планирано да почне на 3/4 септември.

ДВОЈКИ 1. КОЛО

Прво коло група „А“: Прилеп – Алкалоид, Струга – Куманово, Бутел – Охрид, Вардар (Н) – Вардар 1961.

Прво коло група „Б“: Е. Пелистер – Скопје Е. Пелистер 2 – Тиквеш, Голден Арт – Пролет Радовиш – Јуниор К. Вода.

 

ПретходноЗлатан нема намера да престане…
СледноГотово е: Чуамени е нов “КРАЛ“!