Во Босна и Херцеговина се случуваат чудни работи. Актуелниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ и неговата Игокеа станаа нови прваци во оваа земја.
Наместо церемонија на доделување на пехарот и медалите, како што пишуваат тамошните медиуми, кошаркарите на Игокеа и стручниот штаб не добиле ништо. Засега нема објаснување од страна на босанската федерација на оваа земја, а за „спортспорт.ба“ изјава даде тим менаџерот, Саша Ковачевиќ.
„Точно е дека не се знаеше ништо до последното коло, но можеа да ги известат клубовите. Денеска се јавија од канцеларија на нашата федерација и не известија дека преку пошта ќе го пратат пехарот и медалите. Вакво нешто никогаш немам доживеано“.