АБА лига: Гаѓање на судии, прекин од еден час и титула за Црвена Звезда

370

Екипата на Црвена Звезда е освојувач на АБА лигата откако го совлада Партизан со 80:77 во последниот меч од серијата (3:2) и го грабна трофејот. Ова беше драматичен меч кој се решаваше во последните секунди во кои „црвено-црните“ успеаа да направат недостижна предност благодарение на тројката на Волтерс и едното погодено слободно фрлање на Алекса Аврамовиќ за 80:76. Четири поени за неколку секунди беа недостижни за „црно-белите“.

Партизан го имаше расположениот шутер Кевин Пантер кој стигна до 27 поени, а кај победничкиот тим најефикасни беа Давидовац со 15 поени односно Волтерс со 12 кој имаше и седум асистенции.

Натпреварот беше во прекин поради недоличното однесување на навивачите. При резултат 39:39 судијата го прекина мечот откако беше погоден со предмет од трибините. Затоа што и претходно навивачите добија предупредување, овојпат се прели чашата, па судиите наредија да се испразнат трибините за мечот да продолжи.
После речиси eден час натпреварот продолжи.

Инаку ова е шеста титула за Звезда во АБА лигата односно „црвено-белите“ ја одбранија круната од минатата сезона. Партизан остана со шесте титули од кои последната им е пред девет години.

 

ПретходноРоналдо на велосипедска тура од 500 км за пласманот на Ваљадолид во Ла Лига
СледноНеверојатно: Бајиќ и Игокеа се нови шампиони во Босна: Пехарот и медалите ќе ги добијат по пошта!