Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо со велосипед тргна на тура од Ваљадолид до Сантијаго де Компостела за да го исполни ветувањето поради промоцијата на неговиот клуб во Ла Лига. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид има 51% од акциите во Ваљадолид, а кога клубот испадна во Втората лига минатата сезона тој вети дека ќе извози 500 километри ако експресно се врати во првата лига.
Бразилецот заедно со неговата сопруга ја возат рутата, во неделата утрината тргнаа од стадионот „Јозе Зориља“ во Ваљадолид, а крајната дестинација е Сантијаго де Компостела кој е оддалечен 500 километри.










