Не е тајна дека Маурицио Покетино тешко дека ќе се задржи како тренер во ПСЖ. Тој не успеа на “светците“ да им донесе пехар во Лигата на Шампионите, па затоа информациите од клубот велат дека Аргентинецот ги брои последните денови во Париз, поточно во ПСЖ.
За тоа што мисли околу шпекулациите дека тој ќе добие отказ, Покетино имаше интересен коментар…
„Многу се `шушка`. Па, јас секоја седмица `добивам` отказ. Да работиш во клуб како што е ПСЖ мора да бидеш одличен тренер, а јас сум еден од најдобрите во светот, посебно по овие 1,5 години минати во овој клуб. Секојдневно учам од соблекувалната во која има многу мега – ѕвезди“ рече покрај другото Покетино.