Бајрами: Капитенот останува во Ѓорче…ќе има засилувања!

881

Во пресрет на стартот на подготовките за настапот во Лигата на Конференции, а потоа и за сезоната 2022/23, на 12 јуни, раководството на Македонија ЃП заедно со стручниот штаб прави планови како тимот би бил посилен од минатата сезона во која „лавовите“ го освоија пехарот во Купот на Македонија.

Приоритет на клубот е да го задржиме `костурот` на тимот, и сметам дека сме на добар пат. Добра вест за нас е што капитенот Ермедин Адем останува во Ѓорче, остануваат и оние играчи кои и во наредната сезона ќе ни бидат клучни што се вели. Јасно е дека треба и да се засилиме, ќе донесеме неколку нови имиња со цел да се подигне квалитетот. Во преговори сме со неколкумина, останува да се види кој се ќе дојде во Македонија ЃП“ ни изјави Муарем Бајрами, стратегот на „лавовите“.

ПретходноФИФА ја одби жалбата на Чиле, Еквадор ќе игра на Мундијалот во Катар!
СледноТиквеш го “врза“ Нгоба на уште една година, останува и Спахиу!