Во пресрет на стартот на подготовките за настапот во Лигата на Конференции, а потоа и за сезоната 2022/23, на 12 јуни, раководството на Македонија ЃП заедно со стручниот штаб прави планови како тимот би бил посилен од минатата сезона во која „лавовите“ го освоија пехарот во Купот на Македонија.
„Приоритет на клубот е да го задржиме `костурот` на тимот, и сметам дека сме на добар пат. Добра вест за нас е што капитенот Ермедин Адем останува во Ѓорче, остануваат и оние играчи кои и во наредната сезона ќе ни бидат клучни што се вели. Јасно е дека треба и да се засилиме, ќе донесеме неколку нови имиња со цел да се подигне квалитетот. Во преговори сме со неколкумина, останува да се види кој се ќе дојде во Македонија ЃП“ ни изјави Муарем Бајрами, стратегот на „лавовите“.