Лацио се пофали со Маркос Антонио

177

Италијанскиот Лацио го направи првиот летен трансфер со доверувањето на бразилскиот играч за врска од Шахтјор Доњецк, Маркос Антонио. Бразилецот одигра неколку одлични сезони во Украина, настапи на стотина мечеви за клубот.

Тој доаѓа во Лацио како слободен фудбалер, откако ситуацијата во Украина се искомплицира, и клубот дозволи играчите да си заминат.

Маркос Антонио претходно има настапувано и за тимот на Есторил во Португалија, а за репрезентацијата на Бразил има настапи но во младинските селекции.

ПретходноТодоровски на „радарот“ на Австрија Виена
СледноИзмислена смена на тренерот за да се наштети на Шкупи