Шкендија и тоа како има намера да ги одработи квалитетно подготовките во Словенија. Покрај вообичаените тренинзи четата на стратегот Артим Шаќири досега одигра и три пријателски, а во недела Шкендија ја чека и пријателски меч со Динамо Загреб. Значи тетовци ќе играат против балканскиот гигант, можеби за “модрите“ ќе настапат и Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Интересно, Шкендија сите мечеви во Словенија ги играше со шампионите на своите земји. Ференцварош (Унгарија), Марибор (Словенија), Зрињски (БиХ) и Динамо Загреб (Хрватска).
Интересно е и тоа што Динамо Загреб е можен ривал на Шкупи во 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, само треба чаирчани да го минат Линколн од Гибралтар на стартот.
Инаку денеска играчите на Шкендија од својот стратег Шаќири добија слободен ден. Ново е тоа што Влатко Стојановски потшиша со тетовци и е тука во Словенија во кампот на Шкендија, се чека само на промоцијата.