СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО: ЕХФ го исфрли Вардар 1961 од ЛШ!

788

Извршниот комитет на ЕХФ одлучи да не му даде дозвола на македонскиот шампион Вардар 1961 да се натпреварува во Лигата на шампионите во сезоната 2022/23. Ова беше најавено пред неколку дена, но попладнево ЕХФ излезе и со официјална одлука, да не му дозволи на македонскиот првак и двојниот европски шампион да настапува во ЛШ во новата сезона.
EХФ тврди дека повеќе од две години се труди да го реши проблеми со ненаплатените побарувања на дел од играчите кои играат во клубот кога имаше друго раководство.
Одлуката на ЕХФ се однесува на сите европски натпреварувања, па тоа значи дека Вардар не може да игра ниту во Лигата на Европа следната сезона.

Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот. Со оглед на тоа што Вардар одлучи да го презентира својот став пред медиумите, ЕХФ одлучи да даде јасен одговор кој е директно доставен до клубот.
За да се расчистат сите работи во Вардар 1961, имаше многу писмена комуникација, па дури и лични разговори и беа поставени јасни рокови од страна на ЕХФ. За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и се трудеа да ги одложат или да не одговараат на нашите пораки. Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат за следната сезона. Извршниот комитет во петокот дојде до едногласен заклучок дека Вардар 1961 ниту ги исполнил договорените работи, ниту го запазил рокот на исплаќања на долговите па поради тоа не ги исполнува критериумите за да настапува во било кој европски куп во сезоната 2022/23“, пишува во писмото на ЕХФ.

ПретходноШкендија ќе се „тестира“ против Динамо Загреб…Стојановски потпиша за тетовци!
СледноМане потпиша со Баерн: Вистинско време за нов предизвик!