Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД се врати со три бода од супер-дербито во домашното првенство против најголемиот ривал, екипатана Струмица. На мечот одигран денеска во рамките на 3. коло од Групата А, штипјани славеа со 1:3.
Искучително возбудлив беше првиот сет кој се одигра на разлика и го добија струмичани со 34:32. По овој исцрпувачки сет, Штип УГД се врати во вистинско светло и во следните три сета го реши мечот. Штипјани го добија вториот сет со 16:25, поен повеќе им препуштија на домашните во третиот сет (17:24), а четвртиот сет повторно донесе драма играјќи на разлика, а Штип УГД овој пат го доби со 24:26.
Во рамките на ова 3. коло во од групата А, утре играат Борец и Универзитет Тетово, додека Работнички и Сушево го одложија својот натпревар.










