Топурија: Ако брат ми не ја прекинеше борбата со Гејџи, ќе останев слеп!

0

ММА борецот, Илија Топурија откри дека одлуката на неговиот брат Александре да ја прекине борбата со Џастин Гејџи на настанот на УФЦ во Белата куќа можеби му ја спасила не само кариерата, туку и видот. Во интервју за подкастот „Fight Disciples“, грузиско-шпанскиот борец призна дека последиците можеле да бидат многу посериозни доколку се врател во октагонот за петтата рунда.

„Одлуката на Александре да ја прекине борбата ми го спаси видот. Ако не ме запреше, веројатно никогаш повеќе немаше да можам да се борам“, изјави Топурија.

Неговиот брат ја прекина борбата на паузата меѓу четвртата и петтата рунда, откако Топурија имаше сериозни проблеми со видот по ударите од Гејџи. Иако лекарот претходно предложи прекин, борецот инсистираше да продолжи. На крајот, Александре ја презеде одговорноста и не му дозволи повторно да влезе во октагонот.

„Многу сум му благодарен на брат ми што одлучи да ме запре. Го сакам тоа што го работам и би ми било многу тешко доколку лекар или кој било друг ми кажеше дека повеќе не можам да се борам“, додаде Топурија.

По првиот пораз во професионалната кариера од Гејџи, Топурија најавува враќање во текот на 2027 година. Како можни противници се споменуваат Гејџи, Педи Пимблет и Арман Царукјан, но засега нема официјално потврдена борба.

ПретходноАнализа: Ајнтрахт Ф. се „доктори“ за правење пари на фудбалери