Слично како и тетовска Шкендија, и домаќинот на дербиот од 13. коло од ПМФЛ шампионатот, тимот на Стргуа ТЛ, денеска го најавува утрешниот дерби меч кој што стартува од 12:00 часот.
Во име на Стружани, на јавноста и се обрати стратегот на Трим Лум, Бледи Шкемби, кој што смета дека дерби меч се добива исклучиво ако екипата биде на највисоко можно ниво.
„Уште еден тежок натпревар, уште едно дерби во кое мораме да го дадеме својот максимум за да победиме и овојпат. Се соочуваме со уште потежок противник од оној од минатата недела, па затоа мораме да бидеме многу фокусирани.“ – вели Шкемби.















