Денеска со дуелот во Кавадарци, помеѓу екипите на Тиквеш и Скопје стартуваше новото, 13. коло од ПМФЛ шампионатот.
Победа на домаќинот од минимални 1:0, со голот на Ренатињо во првото полувреме поточно во 26. минута.
Она што вреди да се напомене е дека домаќинот, погоди само еднаш во протинвичката мрежа, а промаши грст шанси како во првиот, а особено во вториот дел. Истите само ја покажаа слабоста на дефанзивата на Скопје, но и неефикасноста на кавадарчани денеска, и конечно, одличната форма на ветеранот Кристијан Наумоски.
Голманот на Скопје, буквално спаси четири, пет гола, со што и овозможи на својот тим да поднесе само минимален пораз, а не и катастрофа.
Со оваа победа Тиквеш, е трет со 24. бодови, додека пак Скопје и натаму е последен со само четири освоени поени сезонава.















