Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на чело со селекторот Иљами Исејни ќе биде дел од квалификацискиот турнир кој што ќе се одржи во Трабзон, Турција, во периодот од 11 до 17 ноември.
Македонија е во група со домаќинот Турција, Сан Марино и селекцијата на Унгарија.
По тој повод денеска, селекторот Исејни го објави и списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овој турнир.
Голмани: Илан Мемети (Лозана), Димитар Петров (АП Брера), Петар Талески (Шкендија);
Одбрана: Матеја Масев (Црвена Звезда), Амар Акики (Шкендија), Леарт Исеини (Бохум), Михајло Павлов (Железничар Панчево), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адријан Велески (Вардар), Илија Аксентиев (Македонија ЃП);
Среден ред: Марин Крстевски (Црвена Звезда), Александар Полимац (ИМТ), Дардан Адеми (Аресими 1973), Матеј Бочески (АП Брера), Боби Недановски (Пелистер), Огнен Сивевски (Македонија ЃП), Матеј Николов (Вардар), Џихан Ибраими (Вардар), Благојче Седлоски (Скопје);
Напад: Стефан Ристиќ (Партизан) и Рон Мемеди (Беласица);
Распоред на натпреварите:
11 ноември: Унгарија – Македонија (10:00 часот)
14 ноември: Македонија – Сан Марино (10:00 часот)
17 ноември: Македонија – Турција (12:00 часот)
Собирот на репрезентативците е закажан за 8 ноември во 10:00 часот во хотел „Парк“ во Скопје. Истиот ден, со почеток во 14:00 часот, е предвиден тренинг во тренинг-центарот на ФФМ.
Според квалификацискиот формат на УЕФА за Европското првенство до 17 години, двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во втората квалификациска рунда – Лига А. Останатите две селекции, односно третопласираната и четвртопласираната репрезентација, ќе продолжат во Лига Б.
Во втората квалификациска рунда, која ќе се игра во пролетта 2027 година, 28-те репрезентации во Лига А ќе бидат поделени во седум групи. Победниците на групите ќе обезбедат пласман на завршниот турнир на Европското првенство, каде што ќе им се приклучат домаќините Летонија. Завршниот турнир на УЕФА Европското првенство за репрезентации до 17 години е предвиден за периодот од 24 мај до 6 јуни 2027 година.










