Пионерите загубија од Црна Гора на Регионалниот Челинџ Куп

47

Машката пионерска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Регионалниот Челинџ куп за ракометари до 16 години во Подгорица. Избраниците на селекторот Никола Матлиески загубија од домаќинот Црна Гора со 26:20, откако на полувремето имаа негатива од 10:7.

Војо Клењоски беше најефикасен во македонската селекција со седум погодоци, додека Илија Трајчески, Илија Трајчевски и Марио Георгиев постигнаа по три. Голманите Данило Соколески и Симон Јовановски заедно забележаа 19 одбрани. Кај Црна Гора најдобар стрелец беше Алекса Кривокапиќ со пет гола.

Македонија е во групата Ц, со Црна Гора и Косово.

ПретходноСтоперот на Милан одби повик за Белгија, селекторот подготвува драконска казна
СледноКерик е сигурен: Манчестер Ј. нема да го смени тренерот доколку загуби викендов