Ракометната репрезентација на Шведска со убедливи 33:24 ја победи Грција во натпреварот од првото коло во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, во групата во која се наоѓа и нашата ракометна репрезентација
Швеѓаните ја потврдија фаворитската улога, а најзаслужен за убедливата победа беше Албин Лагергрен со седум погодоци. Себастијан Карлсон, Феликс Клар и Аксел Мансон постигнаа по пет гола, додека кај Грција најефикасен беше Теодорос Боскос со осум погодоци, а Ахилеас Тоскас постигна шест.
Македонија својот втор меч во групата ќе го одигра против Грција во недела. Оваа средба според многу параметри може да одлучува во битката за второто место во групата.










