ЛЕ: Ференцварош го „потопи“ Милан, Левски и Серафимов со нова победа

64

Ференцварош приреди големо изненадување во четвртото коло од лигашката фаза во Лига Европа, совладувајќи го Милан на „Сан Сиро“ со 2:0. Унгарскиот тим ја заврши работата во второто полувреме, а херој на гостите беше Лени Џозеф, кој постигна два гола. Напаѓачот најпрво погоди во 52. минута, по асистенција на Кристофер Захаријасен, а истиот тандем беше заслужен и за вториот гол во 66. минута. Милан се обиде да ја промени сликата со неколку измени на стартот на второто полувреме, меѓу кои влезе и Кристијан Пулишиќ, а подоцна во игра беше и Лука Модриќ. Сепак, италијанскиот гигант не успеа да најде одговор на организираната игра на гостите и претрпе неочекуван пораз пред своите навивачи.

Левски на Никола Серафимов стигна до значајна победа од 1:0 против полскиот претставник Јагелонија. Бугарскиот тим до трите бода дојде со гол во самиот финиш на натпреварот, одигран на Националниот стадион „Васил Левски“ во Софија. Стрелец на единствениот погодок беше Стивен Стојанчов, кој во 83. минута ја затресе мрежата на гостите, по асистенција на Давид Кусо. Нашиот Серафимов остана на клупата за резерви.

Кристал Палас и Хофенхајм одиграа нерешено 1:1, во натпревар во кој гостите беа на чекор до голема победа во Лондон, но примија гол во судиското продолжение. Хофенхајм поведе уште во седмата минута, кога Александар Прас ја искористи асистенцијата на Тим Лемперле и ја затресе мрежата на англискиот тим. Гостите ја задржаа предноста во најголемиот дел од натпреварот, и покрај обидите на Палас да се врати во игра. Кога се чинеше дека Хофенхајм ќе ги освои сите три бода, на сцена стапи Даичи Камада. Јапонскиот интернационалец во 90+1. минута постигна гол за конечни 1:1 и го спаси Кристал Палас од пораз пред домашната публика.

ЛИГА НА ЕВРОПА – РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

Милан – Ференцварош 0:2

Андерлехт – Салцбург 2:0

Кристал Палас – Хофенхајм 1:1

Левски – Јагелонија 1:0

Лилестрем – Викторија Плзењ 0:1

НЕЦ Нијмеген – Омонија 3:1

Реал Сосиедад – Лион 1:1

Спарта Прага – Борнмут 1:3

ПретходноРафиња стави потпис на договор со Барса до 2030 година
СледноКЛ: Гаштаров брилијантен, Звезда слави со пресврт, Елмас и Аталанта само до реми