Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски постигна гол за Лугано на натпреварот против литванскиот Кауно Жалгирис во вечерашните дуели во Конференциската лига на УЕФА. Алиоски во 24. минута со одличен удар со левата нога, испраќајќи ја топката во горниот агол од противничкиот гол, зголеми на 2:0.
Лугано на полувремето има убедлива предност од 3:0, а Алиоски со својот погодок повторно се најде во центарот на вниманието.










