Талентот на Спарта Прага ќе игра за Македонија

9460

Енес Османи е уште еден од младите фудбалери од дијаспората кои изразија отворена желба да настапуваат за Македонија. Талентираниот левучар на тимот на Спарта Прага како што дознава Спортмедиа изразил отворена желба да ги промени националните бои и да заигра за Македонија, откако има одиграно десетина мечеви за младинските селекции на Чешка.

Османи засега е член на У17 односно У19 на Спарта и важи за еден од најквалитетните поединци од неговата генерација. Во моментов има 18.години и наскоро ќе дебитира и за првиот тим на овој чешки фудбалски великан.

ПретходноМакедонија од вториот шешир ја чека ждрепката за СП 2023 година
СледноКлифорд повторно е тренер на Шарлот