Клифорд повторно е тренер на Шарлот

89

Екипата на Шарлот Хорнетс има нов тренер, а тоа е Стив Клифорд кој е повратник во клубот. Искусниот американски стручњак во изминатите три години го предводеше Орландо, а сега се враќа на местото каде што ја почна тренерската кариера, во Шарлот Хорнетс.
Во претходниот мандат, тимот кој тогаш беше под името Шарлот Бобкетс два пати играше во плеј-офот на НБА лигата, а потоа истото го направи и со Орландо.

ПретходноТалентот на Спарта Прага ќе игра за Македонија
СледноЦЕВ закажа ждрепка: Струмица единствен македонски претставник во евро-куповите