ЦЕВ закажа ждрепка: Струмица единствен македонски претставник во евро-куповите

391

Македонската клупска одбојка се враќа на европската сцена, но само со еден клуб. Иако од Одбојкарската федерација имаше најава дека три македонски прволигашки тимови се интересираат за пријава во европските купови следната сезона, само шампионот Струмица се одважи да пријави европски настап.

Како што потврдија од Европската одбојкарска конфедерација, освојувачот на двојната круна во машка конкуренција ќе биде единствениот македонски одбојкарски клуб кој ќе се „проба“ во европски води. Струмичани се пријавија за учество во најсилното натпореварување, Лигата на шампионите, каде настапите ќе мора да ги почнат уште од првото квалификациско коло.

Според податоците од ЦЕВ, годинава во европските одбојкарски купови ќе учествуваат рекордни 216 тима од 37 национални федерации. Ждрепката за одредување на двојките во европските купови е закажана за 28 јуни (вторник) година напладне во Луксембург.

ПретходноКлифорд повторно е тренер на Шарлот
СледноЗагубија од Шпанија со 19:2, закачија Ковид, па си заминаа од СП