МИ 2022 – Оран: Македонските одбојкарки поразени од Египет!

202

По голема борба сепак женската одбојкарска селекција на Македонија денеска беше поразена на стартот на Медитеранските игри во Оран (Алжир), и тоа селекцијата на Египет со резултат 1:3 во сетови.

Египќанките првиот сет го добија со 20-25, за да во вториот нашите одбојкарки одиграа одлични и истиот го добија со 25-11. Третиот сет Египет беше одново подобар и го доби со 19-25, за да во четвртиот имаше драма, и двете селекции се менуваа во водството, но сепак на крајот Ергипет го доби со 23-25, па така со конечни 1:3 успеа да слави над нашата репрезентација.

Треба да се каже дека ова е прв меѓународен настап на нашата женска селекција и тоа по цела една деценија.

ПретходноЗејнулаи си заминува од Работнички!?
СледноНаполи го пушта Осимен, но за 100 милиони евра!