Зејнулаи си заминува од Работнички!?

1651

Како што дознаваме, младиот играч за врска Арбин Зејнулиа и Работнички веројатно ќе “раскинат“ што се вели. Исто така дознаваме дека тој има неколку понуди за продолжување на кариерата па веројатно во следната сезона нема да биде дел од тимот од Градски парк кој вчера ги започна летните подготовки, а Зејнулаи не беше ни на вчерашниот ниту пак на денешниот тренинг.

Да потсетиме дека Зејнулаи во Работнички дојде во јануари од Локомотива Загреб, а претходно играше за Шкендија, инаку тој е “дете“ бна тетовските „црвено – црни“.

ПретходноМото ГП: Бањаjа е победник на ГН на Холандија!
СледноМИ 2022 – Оран: Македонските одбојкарки поразени од Египет!