Франческо Бањаиа со своето Дукати беше најбрз на патеката во Асен за ГН на Холандија во Мото ГП, трка која што се возеше денеска.
Италијанецот имаше беспрекорно возење од стартот па до целта, немаше ниту една грешка и затоа и успеа да победи.
На второто место се најде Марко Безеки, од тимот на Валентино Роси, додека Маверик Винјалес заврши како трет.
Сепак главна ѕвезда на трката беше Еспаргаро кој во самиот финиш го претрка Милер и Биндер и стигна до четвртата позиција.
Актуелниот светски првак Фабио Квартараро имаше лошо возеше, три големи грешки и два неверојатни пада на патеката во Асен.