Еден од македонските претставници во европските купови летово, тимот на Академија Пандев вечерва од 20:15 часот во Полска, против тимот на Лехиа го игра првиот од двата дуели против овој квалитетен противник.
Академија Пандев е еден од нашите најдобри тимови и како таков со право не претставува на интернационална сцена. Избраниците на тренерот Ѓорѓе Стојчев денеска имаат за задача да се претстават во вистинско светло, да покажат што реално можат и да се обидат со сите сили да остварат позитивен резултат. Па на конто на истиот во реваншот, да имаат легитимно право да се надеваат и на пласман во следната фаза.
А таму, ги чека австрискиот гигант Рапид Виена. Сепак, тоој евентуален дуел е „километри“ далеку и мора струмичани да одат чекор по чекор. А тоа значи најпрво денеска да одиграат максимално, да останат непоразени, а зошто не и да победат и да го остварат првиот историски триумф на интернационална сцена.










