Лехија ја прегази Академија Пандев за 45 минути: Струмичани губат 3:0 на полувреме (ВИДЕО)

580

Полска Лехија си ја оправда фаворитската улога на дуелот со Академија Пандев од првото елиминациско коло во Конференциската лига на УЕФА. За само едно полувреме, Полјаците вече направија позитива од 3:0 со која чекорат кон следната фаза од натпреварувањето.

Академија Пандев се закани уште по само 60 секунди, но Митровски не успеа да погоди за изненадување. По прекинот поради насилството на трибините, домашните тргнаа со жесток пресинг и успеаја до 40. минута веќе да постигнат три гола.

Флавио отвори во 17. минута, пото аистиот играч му асистираше на Зволински во 25. минута за 2:0, па Флавио со својот втор гол во 40. минута зголеми и на 3:0.



 

ПретходноКадетките почнаа со пораз на Балканското првенство во Србија
СледноШкендија покажа сила…триумф над Арарат (ВИДЕО)