Шкендија покажа сила…триумф над Арарат (ВИДЕО)

1338

Убава победа, добра игра на Шкендија во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции вечерва на Арената во Скопје. Триумф од 2:0 против Арарат Ереван од Ерменија. Добра разлика од два гола пред реваншот за седум дена. Во однос на головите се беше решено во првиот дел кога Шаља и Нафиу стрелаа во мрежата на гостите.

Па така Шкендија е на чекор до втората рунда каде ја чека дуел со Валмеира од Летонија.

Но, сепак треба да се одработи и реваншот во Ереван.

Инаку мечот не започна најдобро за Шкендија, имено Глишиќ од гостинскиот тим можеше уште во 1.минута да донесе водство на гостите. Сепак тетовци навреме се “разбудија“ и почнаа да напаѓаат. Па така по една супер акција на Нафиу и Дориев, Шаља ја крунисува за водство од 1:0 во таа 21.минута. Следуваше шанса за гостите, преку Мкојан, но Захов фантастично брани. Играта се заостри, посебно на средината од теренот, но Шкендија беше таа која ја имаше контролата на теренот.

За да не биде само 1:0 на пауза, се погрижија одново Дориев и посебно Нафиу кој со прекрасен гол му носи водство на нашиот тим од 2:0. Одличен резултат после првите 45.минути.

Во продолжение од средбата Шкендија ги контролираше настаните на теренот, Арарат се обидуваше да стори нешто повеќе, но до таа 60.минута резултатот сеуште беше 2:0 за нашиот тим.

Во 66.минута во игра влезе Влатко Стојановски место Гури, па така напаѓачот го имаше своето деби во дресот на тетовци. Во исто време во игра влезе и Ферхан Хасани, има квалитет во составот стратегот Артим Шаќири, па може да комбинира како што сака. Важно е што и во овие моменти Шкендија има сигурно водство. Имаше закани, како оние на Бејтулаи и Дориев, можеше и до 3:0, но сепак остана 2:0 во тие моменти, мислиме на 70.минута.

Во 76.минута во игра влезе и Вагнер, и тој го имаше своето дебим а потоа шанса доби и младиот Дапмир Елези. Шаќири го чува силите, се игра и реванш, мора на тоа да се смета.

прв меч од 1.квалификациско коло во ЛК

ШКЕНДИЈА (МКД) – АРАРАТ ЕРЕВАН (ЕРМ) 2:0 (1:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија:Лукас Фајндрих (ШВА). Стрелци: Шаља 21., Нафиу 45. (ШКЕ). Ж. Картони: Дита, Нафиу, Цаке, Р. Рамадани (ШКЕ), Малакјан, Манојан. (АРА).

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Цаке, Незири, Дита (57. Р. Рамадани), Ф. Рамадани, Дориев (76. Елези), Нафиу (66. Хасани), Шаља (75. Вагнер), Гури (66. Стојановски).

АРАРАТ: Потапов, Браво, Прљевиќ, Мкојан, Легбо, Малакјан, Дијаз (74. Мкхтрајан), Малакјан (79. Хакобјан), Аракелјан (60. Манојан), Чам (60. Исах), Глишиќ.

 

ПретходноЛехија ја прегази Академија Пандев за 45 минути: Струмичани губат 3:0 на полувреме (ВИДЕО)
СледноАгим Ибраими, селекторот Милевски… ја гледаа Шкендија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)