Шкендија треба да внимава: Лани Арарат го елиминираше МОЛ Фехервар на Муслиу!

279

Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот, Шкендија во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции го дочекува составот на Арарат Ереван. Тим од Ерменија кој е сосема непознат за нашата фудбалска јавност.Можеби затоа нашиот тим,со оглед на искуството во Европа, е поставен во улогата на фаворит.

Но, дали е баш така.Имено за тие што не знаат треба да се каже дека Арарат Ереван е тим кој најмалку треба да се потцени. А тоа Ерменците најдобро го покажаа лани во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции кога ,замислете, го елиминираа еден МОЛ Фехервар. Во Ереван беше 2:0 за домашните, додека во реваншот во Унгарија беше 1:1. На првиот меч играше и Висар Муслиу, напиот стопер кој некогаш го носеше дресот на Шкендија, а сега е членна Инголштад.

Веројатно од Шкендија му се јавиле на Муслиу да го прашаат Арарат, како тоа тој тим да го елиминира силниот МОЛ Фехервар. Во следната рунда по многу борба, 2:4 и 3:3, Ерменците беа елиминирани од Сласк Вроцлав.

ПретходноМонца го донесе репрезентативецот Песина, го сака и Џеко
СледноМилан го откупи договорот на Месијас, а не се откажува од Зијеш од Челзи