Јунајтед понудил 60 милиони за Антони, Ајакс одбил

159

Според информациите на „Goal.com“, Манчестер Јунајтед понудил 60 милиони евра за 22-годишниот фудбалер на Ајакс Антони Матеус дос Сантос. Сепак оваа сума е мала за Ајакс кој би се ослободил од бразилскиот крилен фудбалер за 80 милиони евра.
Антони би сакал да се пресели во Јунајтед и да игра во Премиер лигата меѓутоа свесен е дека двата клуба се далеку од договор. Холандскиот шампион сака да го задржи фудбалерот барем уште една сезона, па потоа да му дозволи да ја смени средината.
Антони одигра 33 натпревари за Ајакс во сите турнири минатата сезона со ефект од 12 голови и 10 асистенции. Пред да дојде во Ајакс младиот фудбалер играше за Сао Пауло.

ПретходноРистевски дефанзивно засилување за Брегалница
СледноШкендија ќе “пука“ од сите оружја: Хасани, Стојановски, Дориев, Гури, Вагнер… (ФОТО)