Кирил Лазаров, нашата спортска икона и актуелен селектор на нашата ракометна селекција, во своето родно Свети Николе денеска пушти во употреба спортско игралиште кое го носи неговото име.
Во организација на Видеолотарија на Македонија, легендата на македонскиот и светиниколскиот ракомет Кирил Лазаров, автомобилскиот ас Иџе Стефановски, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ЈКП Комуналец и други помагатели денес беше пуштен во употреба овој велелепен проект во Свети Николе, насловен како мултифункционалното спортско игралиште ,,Кирил Лазаров “.
Лазаров како бренд амбасадар на Видеолотарија се потсети на своите почетоци, бидејќи токму на ова игралиште ги направи првите чекори. Сега со комплетното реновирање и беспрекорниот изглед, младите спортисти од Свети Николе ќе имаат одлични услови за надградба.



















