Полска Лехија си ја оправда фаворитската улога на дуелот со Академија Пандев од првото елиминациско коло во Конференциската лига на УЕФА. За само едно полувреме, Полјаците вече направија позитива од 3:0 со која чекорат кон следната фаза од натпреварувањето.
Академија Пандев се закани уште по само 60 секунди, но Митровски не успеа да погоди за изненадување. По прекинот поради насилството на трибините, домашните тргнаа со жесток пресинг и успеаја до 40. минута веќе да постигнат три гола.
Флавио отвори во 17. минута, пото аистиот играч му асистираше на Зволински во 25. минута за 2:0, па Флавио со својот втор гол во 40. минута зголеми и на 3:0.










