Мечот во Гдањск продолжи: Навивачите го демолираа стадионот (ФОТО)

585

По скоро 40 минутен прекин поради дивеење на дел од навивачите на стадионот на Лехија во Гдањск, мечот меѓу домашниот тим и нашиот преставник Академија Пандев продолжи. Мечот во првата своја форма имаше само 6 одиграни минути, па токму од таа шеста минута и продолжи.

Според фотографиите од полските медиуми, полицијата го испразни секторот со проблематичните ултраси, кои на излегување од стадионот оставиле вистински пустош, демолирајќи и неколку угостителски објекти кои работата во подтрибинскиот простор.

ПретходноПолувреме: Убедлива Шкендија, Шаља и Нафиу за 2:0!
СледноКадетките почнаа со пораз на Балканското првенство во Србија