Рафаел Надал се повлече од полудиналето на Вимблдон. Шпанскиот тенисер утре нема да се појави во полуфиналниот дуел со Ник Кирјиос, со што на Австралиецот без борба му дозволи да се најде во големото финале.
Одлуката за повлекување, Надал ја донесе по лесниот тренинг кој го одржал денеска и кој траел околу 45 минути. Потоа околу 14 часот тој ги известил организаторите на турнирот дека нема да може да игра поради проблеми со стомачните мускули.
Со ова, Ник Кирјиос среќно стигна до своето прво Грен Слем финале во кариерата.










