МВР бара од ФФМ мечот Македонија ЃП – ЦСКА Софија да се премести во Струмица!

1149

Многу врева се дигна во јавноста по повод мечот од 2.квалификациска рунда во ЛК меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија. Имено мечот е закажан да се игра на стадионот на ФФМ на 21 јули, но се чини дека веројатно нема да се игра во Скопје туку во Струмица.

Како што се наведува во Република.мк, Бирото за јавна Безбедност (БЈБ) при МВР бара овој натпревар да не се игра во Скопје, туку да се премести во Струмица.

БЈБ односно МВР испратиле писмо до ФФМ во кое се вели дека надлежните не се нафаќаат да гарантираат безбедност и во целост да го обезбедат овој натпревар, и не поради самиот стадион, ова би се барало ако би се играло било каде во Скопје.

Сега Фудбалската федерација на Македонија треба да ја запознае УЕФА, ако веќе тоа не го сторила тоа, со новонастаната ситуација и да се одреди нов терен, односно тоа да биде Струмица.

Се разбира дека за ова е одговорна само УЕФА, само таа може да одреди нов терен на некој натпревар што е под нејзина капа што се вели.

Сепак, како што се претпоставува, веројатно Македонија ЃП – ЦСКА Софија ќе се игра во Струмица.

ПретходноНестор „решета“ за Удинезе, двоен стрелец против Унион Берлин
СледноУ-20: Македонија “извади“ реми со постигнат гол на пет секунди до крајот!