Ракометната У-20 селекција на Македонија, на својот прв натпревар на ЕХФ шампионатот, одигра 23:23 (9:10) против селекцијата на Украина. Попладнево во Варна (Бугарија) беше навистина интересн. Избраниците на селекторот Ангеловски губеа со 15:20, но потоа имаа феноменална серија од седум голови и стигнаа дури и до водство од 22:21. Сепак Украинците израмнија на 22:22.
Следуваше вистинска драма во последните шеесетина секунди од мечот, вистински трилер. Имено финишот беше супер интересен, прво Украинците во својот последен напад на некои десетина секунди постигнаа гол за водство од 23:22. Кога се чинеше дека ќе дојдат до победата, нашите млади ракометари со супер израноботена акција на пет секунди до крајот постигнаа гол преку Шулески и извадија реми.
Значи се вратија од бездна што се вели за да на крајот освојат бод, иако со малку повеќе среќа можевме и славиме.
За најдобар на мечот беше прогласен нашиот голман Давид Брестовац кој имаше осум одбрани, Шулески со 6 головио беше најдобар стрелец во нашиот тим, по пет имаа Ивановски и Тодески.
Утре нашата У-20 селекција се среќава со Косово, мечот се игра од 18 часот.