По повод стартот на новата сезона во ПМФЛ, “Спортмедиа“ направи анкета со тројца наши познати фудбалски стручњаци.
Специјално за читателите на “Спортмедиа“ Ќатип Османи,Мирсад Јонуз и Жикица Тасевски даваат одговори на следните три прашање:
1-КОИ ЕКИПИ СЕ ГЛАВНИ ФАВОРИТИ ВО БИТКАТА ТИТУЛАТА
2-КОЈА ЕКИПА МОЖЕ ПОЗИТИВНО ДА ИЗНЕНАДИ, КОИ СЕ ТИЕ ШТО ЌЕ СЕ НАЈДАТ ВО ГОРНИОТ ДЕЛ НА ТАБЕЛАТА
3-ЕКИПИ НА КОИ ЌЕ ИМ БИДЕ НАЈТЕШКО, КАНДИДАТИ ЗА ИСПАЃАЊЕ
ЌАТИП ОСМАНИ:
1-Секако дека Шкупи и Шкендија. Според мене шансите се 50-50. На сите им е јасно зошто овие две екипи се главни аспиранти за врвот. Кој ќе биде шампион ќе зависи од многу фактори, пред се важен е стартот, но и тоа како врз нив ќе влијае и настапот во Европа.
2-Многу очекувам од Струга ТЛ,екипа која летово се засили со повеќе квалитетни имиња. Тука е и Брегалница која исто има одличен состав, а не смеме да заборавиме на А. Пандев.
3-Неблагодарно е да се говори на оваа тема,но ако веќе морам тогаш сите останати кои не ги спомнав досега ќе размислуваат и околу опстанокот.
МИРСАД ЈОНУЗ:
1-Нема дилеми. Шкупи и Шкендија, и јас ќе кажам дека шансите се подеднакви, не бил дал предност никому.Не очекувам екстра квалитетно првенство, но за наши услови овие две екипи поседуваат квалитет, тука нема дискусија.
2-Би ги набројал тука Струга ТЛ, Брегалница и Македонија ЃП.Овие три екипи би можеле да им задаваат главоболки на главните фаворити, овие три екипи според мене би се бореле за оние места на табелата кои водат во Европа.
3-Победа, Силекс, Скопје ќе водат голема битка за спас од најлошото.
ЖИКИЦА ТАСЕВСКИ:
1-Само Шкупи и Шкендија. Ова се единствените екипи, клубови во ПМФЛ кои поседуваат се што треба за да се дојде до титулата. Се разбира дека не исклучувам изненадувања или сензации, ама чаирчани и тетовци имаат екстра квалитет за наши услови.
2-А.Пандев, Брегалница и Струга ТЛ.Од нив очекувам на ова првенство да му дадат посебен шмек што се вели.
3-На Победа и Скопје ќе им биде најтешко, барем јас така мислам.