Летнаа и си стигнаа во Скопје без проблем, а Шкупи се измачи за да стигне во Даблин

1899

Македонскиот шампион Шкупи имаше непријатности и дополнителни главоболки кога патуваше за Даблин. Се поремети се што планираше стручниот штаб затоа што не им беше дозволено да слетаат во Даблин туку на место оддалечено 300 километри од главниот град на Ирска. Потоа фудбалерите и тренерите со автобус патуваа до Даблин за да го одиграат натпреварот кој го загубија со 3:1, а потоа по истата шема се вратија во Скопје. Цели 13 часа патуваа за Даблин фудбалерите на Шкупи.
А Шамрок утринава летна за Скопје и си пристигна без проблем. За пет и пол часа! Си имаат и време за одмор и за тренинзи и за прошетка…

ПретходноЧичко Климе е најголемиот фан на Македонија (ФОТО)
СледноМладиот англиски репрезентативец побара да си оди од Челзи