Марканен ја скрши раката, го чека пауза од најмалку еден месец

0
фото: Utah Jazz (X)

Јута Џез остана без еден од своите најважни кошаркари, откако Лаури Марканен заработи скршеница на десната рака и ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Според информациите, станува збор за скршеница без поместување на коската. Финскиот крилен центар веќе ги пропушти последните два натпревари на Јута, но дури сега е утврден вистинскиот обем на повредата.

Марканен сезонава одигра осум натпревари, на кои просечно бележеше 18 поени, 6,8 скока и две асистенции, со 38,9 проценти успешност во шутот од поле.

Неговото отсуство е сериозен удар за Јута, која ќе мора да најде нови решенија во нападот во периодот во кој ќе биде без својот фински ас.

ПретходноАрис со нова победа, Нено повторно меѓу најзаслужните